“Со КАНБЕБЕ до мирен сон и возбудливи награди“

ОФИЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА

Територија  на организирање на наградната игра
3-КОЛО
2-КОЛО
ВИДЕО ОД ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ ВО ВТОРОТО КОЛО
1-КОЛО
ВИДЕО ОД ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ ВО ПРВОТО КОЛО
  ОРГАНИЗАТОР,
1. Oрганизатор на наградната игра  (во понатамошниот текст „Наградна игра“) е Друштвото за за производство, трговија и услуги МАГНОЛИЈА Александар и др.ДОО увоз-извоз Кочани со ЕДБ МК4013994101276 и седиште на ул.Штипски Пат бб, Кочани, Република Македонија, претставувано од управителот Александар Крстевски, (во понатамошниот текст: „Организатор“). Организаторот ќе ја организира Наградната игра во согласност со овие Официјални правила на наградната игра (во понатамошниот текст: „Официјални правила“).
 ОПИС И ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА ,
2.1. Официјалното име на наградната игра е „Со Канбебе до мирен сон и возбудливи награди„.
2.2. Наградната игра Со Канбебе до мирен сон и возбудливи награди е игра на среќа наменета за потрошувачите на пелените Канбебе. 
 ТЕРИТОРИЈА НА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА,
3. Наградната игра ќе се организира и ќе се спроведува за потрошувачите на пелените Канбебе во продажните места на целата територија на Република Македонија кои во периодот на времетраењето на наградната игра ќе купат соодветно пакување од пелените Канбебе и ќе го испрататат делот од пакувањето каде е содржан единствениот баркод.
ЦЕЛ НА НГРАДНАТА ИГРА,
4. Наградната игра се организира со цел рекламирање и промоција на пелните Канбебе.
 ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА,
5. Наградната игра ќе започне од 15.05.2017 година и ќе трае до 08.11.2017 година.
  ОПИС НА НАГРАДНАТА ИГРА И ОПИС НА ПОТВРДАТА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА,
6  За да учествуваат во наградната игра, крајните клиенти/учесници потребно е да купат некое од пакувањата JUMBO (ЏАМБО), МЕГА или КУТИЈА на пелените Канбебе (наведени подолу), да го исечат единствениот баркод на пакувањето и заедно со податоците испишани на лист хартија (име, презиме, адреса на живеење, телефонски број) во затворен плик да ги испрати на организаторот на наградната игра „Магнолија-д.о.о.„ -Кочани, адреса ул. Штипски пат бб, 2300 Кочани или П.ФАХ 91, 2300 Кочани. Нема ограничување на бројот на пликоа со кои едно лице може да учествува во наградната игра.
Цел на наградната игра се следниве пакувања на пелените Канбебе:

JUMBO (ЏАМБО) пакувања
CANBEBE JUMBO Newborn / 84 бр.
со единствен баркод  8 690 742 150 747
CANBEBE JUMBO Mini / 72 бр.
со единствен баркод  8 690 742 150 143
CANBEBE JUMBO Midi / 62 бр.
со единствен баркод  8 690 742 100 896
CANBEBE JUMBO Maxi / 50 бр.
со единствен баркод  8 690 742 100 643
CANBEBE JUMBO Maxi+ / 44 бр.
со единствен баркод  8 690 742 100 780
CANBEBE JUMBO Junior / 40 бр.
со единствен баркод  8 690 742 100 797
CANBEBE JUMBO X-Large / 32 бр.
со единствен баркод  8 690 742 150 709
 
МЕГА пакувања
CANBEBE MEGA Midi / 88 бр.
со единствен баркод  8 690 742 150 754
CANBEBE MEGA Maxi / 80 бр.                                                                                                  
со единствен баркод  8 690 742 150 761
CANBEBE MEGA Maxi+ / 70 бр.
со единствен баркод  8 690 742 150 778
CANBEBE MEGA Junior / 60 бр.
со единствен баркод  8 690 742 150 785
 
КУТИЈА пакување
CANBEBE KUTIJA Box Midi / 90 бр.
со единствен баркод  8 690 742 151 881
CANBEBE KUTIJA Box Maxi / 74 бр.                                                                                        
со единствен баркод  8 690 742 151 898
CANBEBE KUTIJA Box Maxi+ / 70 бр.
со единствен баркод  8 690 742 151 904
CANBEBE KUTIJA Box Junior / 64 бр.
со единствен баркод  8 690 742 151 911
 УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА,
7. Учесник во Наградната игра е секој полнолетен потрошувач кој ги исполнува условите од член 6 од овие Официјални правила.
 
Вработените кај организаторот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства, немаат право на учество во Наградната игра.
 ТЕК НА ПОСТАПКА НА ПРИРЕДУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА,
8. За цели на реализација на наградната игра ќе бидат спроведени 3 (три) кола,  односно три извлекувања.
Во првото коло, односно за наградите во првото извлекување ќе учестуваат сите пликоа кои се пристигнати во периодот од започнување на наградната игра, односно од 15.05.2017 година до 05.07.2017 година. Извлекувањето кое се однесува на првото коло ќе се одржи на 8 јули 2017 година, со почеток од 12:00 часот во Штип во маркетот „Супер Маркет Кит-Го Туш“ подружница бр.66 - Штип кој се наоѓа на улица „Сутјеска“ бр.48а во Штип.
Во второто коло, односно за наградите во второто извлекување ќе учестуваат сите пликоа кои се пристигнати во периодот од 06.07.2017 година до 06.09.2017 година. Извлекување кое се однесува на второто коло ќе се одржи на 9 септември 2017 година, со почеток од 12:00 часот во маркетот „Ангромаркет Макси Лозар“ кој се наоѓа на улица „8 Септември“ бр.2б , Горно Оризари , Битола.
Во третото коло, односно за наградите во третото извлекување ќе учестуваат сите пликоа кои се пристигнати во периодот од 07.09.2017 година до 08.11.2017 година. Извлекување кое се однесува на третото коло ќе се одржи на 11 ноември 2017 година, со почеток од 12:00 часот во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ кој се наоѓа на улица „ Љубљанска улица“ бр.4 во Скопје.
За секое коло се предвидени следните награди:

Награди за 1 коло:
Автомобил
CITROEN NOV C3 FEEL 1.2VTi 82 EUR6 – 1 бр.
СЕДИШТЕ КАТЕРПИЛАР – 5 бр.
РЕЛАКСАТОР – 5 бр.
ВЕЛОСИПЕД 16 – 5 бр.
ТРИЦИКАЛ детски – 3 бр.
КРЕВЕТ БЕБЕШКИ – 3 бр.
МОТОР 6 ВОЛТИ СПОРТСКИ детски – 2 бр.
ЏИП 12 ВОЛТИ детски – 1 бр.
Телевизор
TV Hyundai 40” LE-F D LED SMART FULLHD – 3 бр.
Лаптоп
Ацер ЕС1-533-Ц9Њ1 15.6“ХД – 3 бр.
Таблет
сСТАР ЗООМ-БЛАЦК 9“ – 5 бр.
Сушара
CANDY GCC 581NB-S – 3 бр.
Перална
SHARP ES-FA7103W3 – 3 бр.
Сет производи од Магнолија со вредност 2.000,оо МКД – 20 бр.

 
Награди за 2 коло:
Автомобил
CITROEN NOV C3 FEEL 1.2VTi 82 EUR6 – 1 бр.
СЕДИШТЕ КАТЕРПИЛАР – 5 бр.
РЕЛАКСАТОР – 5 бр.
ВЕЛОСИПЕД 16 – 5 бр.
ТРИЦИКАЛ детски – 3 бр.
КРЕВЕТ БЕБЕШКИ – 3 бр.
МОТОР 6 ВОЛТИ СПОРТСКИ детски – 2 бр.
ЏИП 12 ВОЛТИ детски – 1 бр.
Телевизор
TV Hyundai 40” LE-F D LED SMART FULLHD – 3 бр.
Лаптоп
Ацер ЕС1-533-Ц9Њ1 15.6“ХД – 3 бр.
Таблет
сСТАР ЗООМ-БЛАЦК 9“ – 5 бр.
Сушара
CANDY GCC 581NB-S – 3 бр.
Перална
SHARP ES-FA7103W3 – 3 бр.
Сет производи од Магнолија со вредност 2.000,оо МКД – 20 бр.


Награди за 3 коло:
Автомобил
CITROEN NOV C3 FEEL 1.2VTi 82 EUR6 – 1 бр.
СЕДИШТЕ КАТЕРПИЛАР – 5 бр.
РЕЛАКСАТОР – 5 бр.
ВЕЛОСИПЕД 16 – 5 бр.
ТРИЦИКАЛ детски 3 бр.
КРЕВЕТ БЕБЕШКИ – 3 бр.
МОТОР 6 ВОЛТИ СПОРТСКИ детски – 2 бр.
ЏИП 12 ВОЛТИ детски – 1 бр.
Телевизор
TV Hyundai 40” LE-F D LED SMART FULLHD – 3 бр.
Лаптоп
Ацер ЕС1-533-Ц9Њ1 15.6“ХД – 3 бр.
Таблет
сСТАР ЗООМ-БЛАЦК 9“ – 5 бр.
Сушара
CANDY GCC 581NB-S – 3 бр.
Перална
SHARP ES-FA7103W3 – 3 бр.
Сет производи од Магнолија со вредност 2.000,оо МКД – 20 бр.

 
Извлекување за главна награда во кое ќе учествуваат сите пристигнати пликоа од сите 3 кола:
Автомобил  CITROEN C4 CACTUS FEEL VTi 82 BM5 – 1 бр.
По завршувањето на извлекувањето кое се однесува на третото коло, ќе се изврши и извлекување на главната награда еден автомобил CITROEN C4 CACTUS FEEL VTi 82 BM5  во кое ќе учестуваат сите пликоа кои се пристигнати во периодот од започнување на наградната игра, односно од 15.05.2017 година до завршување на наградната игра, односно до 08.11.2017 година.
На денот на извлекувањето за соодветното коло на местото каде е предвидено да се реализира извлекувањето во кутија ќе бидат пренесени пликоата кои се однесуваат на тоа коло и од истите ќе бидат извлечени добитниците на наградите како што е погоре наведено.
Извлекувањето на добитните ваучери ќе го направи лице назначено од членовите на жирито, кои се избрани од страна на организаторот на наградната игра. Лицето на соодветен начин ќе обезбеди регуларност при извлекувањето, односно очите ќе му бидат прекриени со темна непрозирно платно, а рацете не прекриени до лактовите.
Пликоата кои нема да бидат извлечени во некое од предвидените први две кола, по завршувањето на извлекувањата повтороно ќе бидат вратени во просториите на организаторот и на денот кога ќе биде извлекувањето на главната награда ќе бидат пренесени на местото каде е предвидено да се реализира извлекувањето и заедно со пликоата кои не се извлечени, а се однесуваат на третото коло ќе бидат ставени во единствена кутија од која ќе се врши извлекувањето на главната награда, на истиот начин како и во рамки на претходните три извлекувања.
За цели на рекламирање на наградната игра ќе бидат изготвен печатен рекламен материјал - флаери кои ќе се делат на продажните места на пелените Канбебе. Потрошувачите на пелените Канбебе за наградната игра ќе бидат информирани и преку реклами презентирани во јавните медиуми.
Официјалните правила на наградната игра ќе бидат објавени на официјалната интернет страна на организаторот www.magnolija.mk .
 НАГРАДЕН ФОНД,
9.1. Во Наградната игра ќе бидат доделени следниве награди:
Опис на награда КОЛИЧИНА поединечна вредност без ДДВ ддв поединечна вредност на наградата вкупна вредност
Автомобил
CITROEN C4 CACTUS FEEL VTi 82 BM5

1
 
627.951,04  
18%
 
740.982,00 740.982,00
Автомобил
CITROEN NOV C3 FEEL 1.2VTi 82 EUR6
3 508.017,01
18%
 
599.460,00 1.798.380,00
СЕДИШТЕ КАТЕРПИЛАР 15 3.047,62 5% 3.200,00 48.000,00
РЕЛАКСАТОР 15 2.571,43 5% 2.700,00 40.500,00
ВЕЛОСИПЕД 16 15 2.372,88 18% 2.800,00 42.000,00
ТРИЦИКАЛ 9 3.644,07 18% 4.300,00 38.700,00
КРЕВЕТ БЕБЕШКИ 9 2.881,36 18% 3.400,00 30.600,00
МОТОР 6 ВОЛТИ СПОРТСКИ 6 4.067,80 18% 4.800,00 28.800,00
ЏИП 12 ВОЛТИ 3 10.169,49 18% 12.000,00 36.000,00
Телевизор
TV Hyundai 40” LE-F D LED SMART FULLHD
9 13.596,04 18% 16.043,32 144.390,00
Лаптоп
Ацер ЕС1-533-Ц9Њ1 15.6“ХД
9 10.705,93 5% 11.241,00 101.169,00
Таблет
сСТАР ЗООМ-БЛАЦК 9“
15 3.333,42 5% 3.500,00 52.500,00
Сушара
CANDY GCC 581NB-S
9 10.168,64 18% 11.999,00 107.991,00
Перална
SHARP ES-FA7103W3
9 9.652,54 18% 11.390,00 102.510,00
Сет производи од Магнолија со вредност 2.000,оо МКД
 
60
 
1.904,80
 
5%
 
 
2.000,00
 
120.000,00
Вкупен награден фонд 3.432.522,00
 
* Вредностите во табелата се искажани во денари.
* Одговорноста за исправноста на доделените производи, како и гаранцијата паѓа на товар на добавувачот. Трошоците за регистрација и сите други давачки поврзани со преносот на сопственост на автомобилот на име на добитникот паѓаат на товар на добитникот.
 
9.2. Вкупниот награден фонд изнесува 3.432.522,00 денари (три милиони четиристотини триесет и две илјади петстотини дваесет и два денари).
9.3. Количината на наградитe од Наградната игра е ограничена и во никој случај нема да бидат доделени повеќе награди од оние коишто се претходно определени. Нема да постои замена на наградитe со други парични награди или други типови награди од иста вредност.
9.4. Наградниот фонд е обезбеден од страна на организаторот на наградната игра.
 ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ,
10. Извлекувањето на наградите ќе се изврши во време и на местото како што е предвидено во членот 8 на овие правила.
 
Извлекувањето ќе се врши рачно, од кутијата во која ќе се наоѓаат пликоата, од страна на лице определено од комисијата на организаторот на наградната игра. 
 
Извлекувањето на наградите, односно определувањето на добитниците го контролира Комисијата.
 
За секое извршено извлекување ќе се состави записник кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата во кој ќе бидат наведени името и презимето на извлечениот добитник, бројот на телефон и името на добиената награда. 
 ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ, ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ,
11.1. Името и презимето на добитниците на наградите како и соодветната награда  ќе бидат објавувани во рок од три дена од денот кога е извршено извлекувањето на соодветната награда. Добитниците на наградите како и соодветните награди ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на организаторот на наградната игра www.magnolija.mk.
11.2. Организаторот е должен во рок од 3 (три) дена од денот на извлекување на наградата да го контактира секој учесник кој освоил награда со јавување на бројот кој е наведен од страна на учесникот, со цел да го извести за наградата и начинот како да ја подигне.
 
11.3.  Добитникот има право да ја подигне наградата по истекот на рокот за приговор (член 13), а најдоцна во рок од 30 (триесет) дена од денот на објавување на добитникот.
 
11.4. За да ја подигне својата награда, добитникот на наградата мора да ги исполнува сите услови наведени во овие Официјални правила, како и:
  • Да се легитимира со документ за лична идентификација или со нотарски заверено полномошно, како и важечка лична карта на ополномоштеното лице во случај кога наградата ја прима полномошник во замена за добитникот - физичко лице.
  • Добитниците на автомобилите се обврзуваат да ги возат автомобилите со избрендирана каросерија најмалку една година
 
11.5.  Подигнувањето на наградата се потврдува со потпишување записник помеѓу добитникот и претставникот на Организаторот, а по доставувањето на документите согласно претходната точка 11.4. Наградите ќе бидат доделени во просториите на седиштето на организаторот во работен ден до истекот на рокот за подигање на наградите наведен во овој член.
 
11.6.  Сeкоја награда на добитниците ќе им биде врачена од страна на овластено лице од организаторите, само доколку таа биде подигната лично од добитникот или преку лице овластено од добитникот со заверено полномошно. Доделување награда на каков било друг начин или на друго лице не е дозволено.
 
11.7.  Добитникот на наградата го губи правото да ја добие соодветната награда во случај ако:
  • Се откаже од примањето на наградата во писмена форма;.
  • Не е достапен за контакт во рокот утврден во член 11.2. од овие Официјални правила;
  • Пред подигнувањето на наградата телефонскиот број кој го навел е привремено или целосно деактивиран, или
  • Во предвидениот рок за доделување на наградата не ги достави потребните информации и документи согласно точка 11.4. од овој член, кои се неопходни за доделување на наградата.
 
11.8.  Ако не се додели наградата на добитникот поради губењето на правото како што е опишано во член 11.7 од овие правила на Наградната игра, организаторот нема да врши повторно извлекување нов добитник и наградата ќе остане недоделена.
 ОДГОВОРНОСТ,
12.1.  Учесникот разбира и се согласува дека учествува во Наградната игра по своја сопствена волја и на свој сопствен ризик и трошок.
12.2. Организаторот нема никаква одговорност пред учесниците чии податоци биле искористени за учество во наградната игра од страна на трето лице.
12.3.  Организаторот не дава гаранција на кој било учесник дека ќе биде добитник на награда, без оглед на бројот на извршени услуги предмет на наградната игра и без разлика на пополнети ваучери.
12.4. Организаторот не одговара во случај кога награда не може да биде доделена или искористена, поради:
  • Неможност добитникот или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови:
  • Околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или секакви други околности кои се надвор од негова контрола.
 ПРИГОВОРИ И РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ,
13.1.  Во случај на несогласување, учесникот може да поднесе приговор до организаторите на наградната игра, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на добитниците на наградите и тоа на адреса на Организаторот.
 
13.2.  Организаторот е должен да одлучи по приговорот во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на приговорот и за тоа писмено да го извести учесникот.
 
13.3.  Евентуалните недоразбирања ќе се решаваат во духот на добрите обичаи и спогодбено, а во случај на спор, тој ќе биде решен во согласност со важечките закони на Република Македонија и пред надлежниот суд.
 ЗАМЕНИ И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДИТЕ,
14.  Учесниците во Наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во Официјалните правила од страна на Организаторот. Замена на наградите со други предмети или други противвредности не е дозволена. Во ниту еден случај нема да биде доделен поголем број награди од назначениот. 
 ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ,
15.1. Со испраќање на барем едно плико во кое се содржани исечокот од пакувањето со баркод и потребните податоците, корисникот стекнува право на учество во Наградната игра и:
  • се согласува со овие Официјални правила на игра
  • дава согласност да се обработуваат неговите лични податоци само за целите на учество во Наградната игра;
  • дава согласност да биде контактиран од страна на Организаторот, со информативни и промотивни СМС пораки во врска со Наградната игра.
  • добитниците на автомобилите даваат согласност дека се обрзуваат да ги возат автомобилите со избрендирана каросерија најмалку една година (автомобилите кои ќе бидат доделени во наградната игра, ќе бидат со избрендирана каросерија со реклами за Канбебе пелените).
 
15.2. За учество во јавни настапи на организаторoт со промотивен карактер во врска со потребите на објавување на добитниците и врачување на наградите, потребна е дополнителна согласност од секој добитник. За учеството во ваквите јавни настапи, добитниците немаат право на дополнителен надомест.
 
15.3. Информации во врска со Наградната игра и Официјалните правила на Наградната игра можат да се добијат во просториите на организаторите на наградната игра или на веб-страната на корисникот.
 
15.4. Овие Официјални правила влегуваат во сила од денот на нивното објавување. Тие ќе бидат објавени најмалку 1 (еден) ден пред почетокот на Наградната игра, по претходно добиено одобрение од Министерството за финансии на Република Македонија.
 
 
Датум: 28.04.2017 година
 
 
 
 
ДПТУ МАГНОЛИЈА Александар и др.ДОО увоз-извоз Кочани
Управител:
  Александар Крстевски
2-КОЛО: Доделен вториот CITROEN C3-NEW од второто коло на извлекувањето!
1-КОЛО: Доделен првиот CITROEN C3-NEW од првото коло на извлекувањето!

Наши други активности

Наши производи

Тагови
  •  Производи
  •  Бебе пелени
  •  CANBEBE
  •  MEGAPACK
  •  JUMBO
  •  SUPER ECONOMIC
  •  STANDARD
  •  CANBEBE Кутија

Сведоштва